• недела, 12 мај 2024

Жената што падна од терасата на стан во Охрид била турната, кривични и притвор за две лица

Жената што падна од терасата на стан во Охрид била турната, кривични и притвор за две лица

Охрид, 11 март 2024 (МИА) – Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против Е.М.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

Како што информираше портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски, првопријавениот на 8 март околу 11:30 часот по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата на стан во социјалната зграда на улица „Карпош Војвода“ во Охрид.

Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, се товари дека не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело. аб/аа/

фото/МИА

 

Остани поврзан