ЕУ ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа
- Претседателите на Европскиот совет, Шарл Мишел и на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја поздравија првата резолуција усвоена од Советот за безбедност на ОН, со која се бара прекин на огнот во Појасот Газа.
Брисел, 25 март 2024 (МИА) - Претседателите на Европскиот совет, Шарл Мишел и на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја поздравија првата резолуција усвоена од Советот за безбедност на ОН, со која се бара прекин на огнот во Појасот Газа.
„Го поздравувам денешното гласање, минатата недела Европскиот совет едногласно повика на итна хуманитарна пауза што ќе доведе до траен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и обезбедување хуманитарна помош“, истакна Мишел во објава на Икс.
„Спроведувањето на оваа резолуција е од витално значење за заштита на сите цивили“, напиша Фон дер Лајен на истата социјална мрежа.
Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, пак, истакна дека прекинот на огнот мора итно да се спроведе и дека се очекува да се случи за време на Рамазан. Тој укажа на потребата од проширување на протокот на помош за цивилите. ссм/
фото: архива