• понеделник, 20 мај 2024

Еруптираше вулканот Сакурајима на јапонскиот остров Кјушу

Еруптираше вулканот Сакурајима на јапонскиот остров Кјушу
Токио, 24 јули 2022 (МИА) - Вулканот Сакурајима на јапонски остров Кјушу еруптираше, поради што е објавена петто, највисоко ниво на предупредување, а на жителите им е препорачано да се евакуираат. Сè уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Сакурајима е еден од најактивните вулкани во Јапонија, а чести се неговите ерупции на различни нивоа. Во 2019 година вулканот исфрли пепел до висина од 5,5 километри. ми/

Остани поврзан