• четврток, 13 јуни 2024

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран поради смртта на Раиси кој загина во пад на американски хеликоптер

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран поради смртта на Раиси кој загина во пад на американски хеликоптер

Техеран, 20 мај 2024 (МИА) – Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа.

Хамнеи претходно изјави дека првиот потпретседател на Иран Мохамед Мохбер е одговорен за извршната власт и оти има рок од 50 дена за одржување претседателски избори.

Според Уставот, во случај на смрт на иранскиот претседател, првиот потпретседател ја презема функцијата шеф на државата во текот на 50-дневен преоден период до одржување на избори, што е предмет на одобрение од иранскиот врховен лидер, кој го има последниот збор во сите државни прашања.

Хеликоптерот во кој загина Раиси беше американски Бел (Bell) 212 кој го развила компанијата „Bell Helicopter“ за канадската армија во доцните 1960-ти како надградба на оригиналниот UH-1 Iroquois.

Цивилната верзија на тие хеликоптери од ерата на Виетнамската војна беше во широка употреба низ целиот свет и ја користат и влади и приватни оператори. Хеликоптерот беше претставен во 1971 година и набргу потоа почна да се користи во САД и Канада, според американски документи за воена обука.

Хеликоптерот Бел 212 е прилагодлив на сите типови ситуации, вклучително и превоз до 15 луѓе, распоредување на воздушна противпожарна опрема, транспорт на товар и монтирање оружје.

Иранскиот модел што се урна вчера беше модифициран за да носи државни функционери. Хеликоптерите Бел 212 ги користат, меѓу другите, крајбрежната стража на Јапонија, агенциите за спроведување на законот во САД, полицијата во Тајланд. Иранското воздухопловство и морнарица имаат вкупно 10 вакви хеликоптери, а не е познато колку летала од овој тип користи иранската влада. Во последната несреќа во Иран со хеликоптер Бел 212, што се случи во 2018 година, загинаа четири лица. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан