• сабота, 13 јули 2024

Ердоган: Турција нема да одобри обиди за соработка со Израел во рамките на НАТО

Ердоган: Турција нема да одобри обиди за соработка со Израел во рамките на НАТО

Вашингтон, 12 јули 2024 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека обидите за соработка со Израел во рамките на НАТО се „неприфатливи“.

„Не е можно израелската администрација, која ги погази темелните вредности на нашиот сојуз, да го продолжи партнерството со НАТО“, рече Ердоган на прес-конференција во Вашингтон по самитот на лидерите на НАТО.

Ердоган рече дека за време на неговите разговори на маргините на самитот обрнал внимание на тековните израелски „злосторства“ на окупираните палестински територии, особено во Газа.

„Администрацијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со својата експанзионистичка и непромислена политика ја загрозува безбедноста не само на сопствените граѓани, туку и на целиот регион“, рече Ердоган.

„Додека не се воспостави сеопфатен, одржлив мир во Палестина, обидите за соработка со Израел во рамките на НАТО нема да бидат одобрени од Турција“, нагласи Ердоган. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан