• петок, 19 јули 2024

ЕП 2024: Романија ја победи Украина, слаб натпревар за голманот на Реал

ЕП 2024: Романија ја победи Украина, слаб натпревар за голманот на Реал

Минхен, 17 јуни 2024 (МИА) - Романија ја победи Украина со убедливи 3:0 во Минхен во првиот натпревар за двете селекции на ЕП 2024.

Во 29. минута Николае Станчу со прекрасен гол го отвори резултатот, а Разван Марин постигна уште еден убав гол за Романците во 53. минута. Само четири минути подоцна, Денис Драгуш со уште еден гол стави крај на неизвесноста на натпреварот.

Прилично лоша партија за Украинците имаше голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин, кој направи грешка при првиот примен гол и не интервенираше добро за вториот.

Така, Романците се поздравија со првиот успех во европските завршници по 24 години и по шест последователни меча без успех во европските првенства. Последен пат победија со 3:2 над Англија на ЕП 2000 година. дс

Фото: Фејсбук/УЕФА ЕУРО 2024

Остани поврзан