• среда, 23 октомври 2024

Три од три за Алкалоид на Европскиот шаховски клупски куп

Три од три за Алкалоид на Европскиот шаховски клупски куп

Врњачка Бања, 23 октомври 2024 (МИА) - Во третото коло на Европскиот клупски куп, шахистите на Алкалоид имаа тежок дуел со израелски Бер Шева во кој извојуваа тесна победа со 3,5: 2,5 поени. 

Цел поен за македонскиот тим донесе Ајрун Еригаиси против Виктор Михалевски, додека другите пет партии завршија реми.

По три кола, осум екипи помеѓу нив и Алкалоид имаат максимални шест бода.

Во четвртото коло Алкалоид за противник ќе го има словенечки Тајфун. зс/

Фото: ШК Алкалоид

Остани поврзан