• среда, 23 октомври 2024

Хутер за победата над Црвена ѕвезда: Ова се навистина три важни бода за Монако

Хутер за победата над Црвена ѕвезда: Ова се навистина три важни бода за Монако

Монте Карло, 23 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Монако, Ади Хутер, ги искажа впечатоците за натпреварот од Лигата на шампионите против Црвена ѕвезда (5:1).

-Ова се навистина три важни бода за нас. Имаме седум бода од три натпревари, во добра позиција сме, но треба да играме и против некои навистина добри тимови, изјави Хутер на официјалната веб-страница на УЕФА.

Головите за домаќините ги постигнаа Такуми Минамино (два), Бриел Емболо, Вилфрид Синго и Манес Аклиуш. За српскиот тим погоди Шериф Ндиаје (од пенал). 

По три натпревари Монако е втор на табелата во ЛШ со седум бода. Во следното коло тимот гостува на Болоња. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан