• вторник, 16 април 2024

Енрике: Веројатно сме навикнати да играме без Мбапе

Енрике: Веројатно сме навикнати да играме без Мбапе

Париз, 26 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ги сумираше впечатоците од натпреварот од 23. коло на Лига 1 против Рен (1:1).

- Веројатно сме навикнати да играме без Килијан Мбапе, изјави Енрике на профилот на „Madrid Universal“ на социјалната мрежа.

Напаѓачот на парижаните, Килијан Мбапе влезе во оваа игра во стартниот состав и беше заменет во 65. минута. Фудбалерот настапува за ПСЖ од август 2017 година. 

На 19 февруари, Марка објави дека 25-годишниот Французин потпишал преддоговор со Реал Мадрид и ќе се приклучи на шпанскиот тим откако ќе му истече договорот со Пари Сен-Жермен.

ПСЖ со 54 бодови е лидер на табелата во Лига 1. Тимот на Луис Енрике нема пораз веќе 19 натпревари на сите натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан