• петок, 22 ноември 2024

Нејмар би можел да се врати во Барселона следното лето

Нејмар би можел да се врати во Барселона следното лето

Барселона, 3 октомври 2024 (МИА) - Бразилскиот фудбалер на Ал-Хилал, Нејмар може да се врати во Барселона следното лето, пренесува „Sport.es“.

Според шпанскиот спортски портал, главна трансфер цел на Каталонците за летото 2025 година е напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд. Доколку договорот не успее, „блауграните“ ќе бараат враќање на Нејмар, кој би можел да стане слободен агент. 

Барселона е заинтересирана да потпише со квалитетен страничен напаѓач на слободен трансфер.

Нејмар играше за Барселона од јули 2013 до август 2017 година. Минатото лето Бразилецот потпиша двегодишен договор со Ал-Хилал. Оттогаш, фудбалерот одигра пет натпревари за тимот од Саудиска Арабија, по што заработи повреда на вкрстените лигаменти.

Триесет и двегодишниот Нејмар има пазарна вредност од 30 милиони евра, според „Transfermarkt“. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан