• четврток, 03 октомври 2024

Влаховиќ: Среќен сум што постигнав два гола, но уште повеќе сум среќен поради победата на мојот тим

Влаховиќ: Среќен сум што постигнав два гола, но уште повеќе сум среќен поради победата на мојот тим

Лајпциг, 3 октомври 2024 (МИА) - Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ е задоволен од својата игра и изданието на неговиот тим на синоќешното гостување кај Лајпциг во натпревар од 2. коло на Лигата на шампионите.

Влаховиќ постигна два гола и беше прогласен за најдобар играч на натпреварот.

-Тежок натпревар, многу сум уморен, но неверојатно среќен. Среќен сум што постигнав два гола, но уште повеќе ме радува победата на мојот тим. Игравме против силен тим со одличен тренер, изјави Влаховиќ по натпреварот.

Јувентус со шест бодови е на 7. место во поредокот на елитната фудбалска лига. зс/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан