• понеделник, 25 ноември 2024

ЕЛЕКТРАНИТЕ И ФАБРИКИТЕ НА ФЕРО ИНВЕСТ - ДЕЛ ОД СТУДИСКАТА ПОСЕТА НА СТРАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПРОГРАМАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

ЕЛЕКТРАНИТЕ И ФАБРИКИТЕ НА ФЕРО ИНВЕСТ - ДЕЛ ОД СТУДИСКАТА ПОСЕТА НА СТРАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПРОГРАМАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Делегација од 30 лица од организации и институции од областа на енергетиката, енергетската ефикасност, енергетската транзиција, зелената енергија и зачувувањето на животната средина од Франција, Австрија, Швајцарија, Словенија, Романија, Бугарија, Украина и неколку општини од нашата земја, посетија дел од фабриките и електраните на групацијата ФЕРО ИНВЕСТ, како лидер во енергетската транзиција кај нас.
Присутните се запознаа со енергетски ефикасните електрични и водородни возила за одржување на хигиена во градски средини кои се произведуваат во БРАКО, при што детали за овој високотехнолошки и за околината нештетен производ изнесе оперативниот директор Ангел Анѓушев.

Овчеполскиот регион гостите од странство ја посетија био гасната електрана Био Ентерпрајз во Сарамзалино, каде проект-менаџерот Арти Ќормемети ги информира за производниот процес кој има нула загадување, односно производство на биогас кој потоа служи како погонско гориво за производство на електричната енергија.
Делегацијата беше и на локацијата на фотоволтаичната електрана Централ Инвест во Кочани, која е исто така инвестиција на групациите Феро Инвест и Централ Инвест.
Посетата организирана преку Хабитат-Македонија беше дел од EXCITE проектот, кој во рамките на европската програма Хоризонт 2020 има за цел директно да ги подобри акциските планови во 25 општини ширум Европа во однос на климатските промени.

 

 

____________________________________________

 

 

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

 

 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан