• сабота, 06 јули 2024

Еколошка обука за млади волонтери во Кавадарци

Еколошка обука за млади волонтери во Кавадарци

Кавадарци, 6 октомври 2023 (МИА) - Еколошка обука за млади волонтери се реализираше денеска во Кавадарци, информираа попладнево од регионалното еколошко друштво „Еко - живот“.  

- Во просториите на еко - едукативниот центар беше одржана обука од страна на експертот за животна средина, Александар Тефов, на младите волонтери од „Еко - живот“. Обуката се спроведува во помали групи и младите се обучуваат за соодветно менаџирање на еко-едукативниот центар и давање на информации за природните знаменитости на територијата на општината Кавадарци на посетителите, соопштија од еколошкото друштво.

Оттаму појаснија дека обуката е дел од активностите на проектот „Одржливост на НВО преку локални акции за поздрава и почиста животна средина во општина Кавадарци и регионот“, финансиран преку ЕУ проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ (CRM). свд/мд/

Фото: „Еко - живот"

Остани поврзан