• петок, 05 декември 2025

Атлетска трка „Трчаме за Рацин“ вечер во Велес

Атлетска трка „Трчаме за Рацин“ вечер во Велес

Велес, 8 јуни 2025 (МИА) – Во организација на АК „Борец“ со поддршка на Општина Велес, вечер во Велес, по 4. пат ќе се одржи ноќна атлетска трка „Трчаме за Рацин“. Стартот е во 19 часот пред споменикот на Рацин кај Гимназијата „Кочо Рацин“,  а ќе се трча на 5 и 10 километри кружно по велешките глави улици и целтта е каде што е и стартот. Од Општина Велес информираат дека се е подготвено за трката на која ќе и претходи Детската трка во 17:30 часот.

Организаторите и годинава обезбедија вредни парични награди и медали за најдобрите во сите категории.

На Атлетската трка ќе учествуваат спористи од атлетските клубови во земјава и рекреативци, а пласманот на атлетичарите  се бодува во македонската атлетска тркачка лига.

Организаторот ги повикува граѓаните и сите љубители на спортот да дојдат вечерва спортски  да ги бодрат учесниците, а воедно и потоа  да се забавуваат со богатата музичка  програма што ќе следи по завршување на трките.

Инаку атлетската трка „Трчаме за Рацин“ е во чест на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин, а и дел од богатата програма на 62.Рацинови средби во Велес. ад/дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

Остани поврзан