Едукативна кампања на СВР - Охрид за децата од претшколска возраст
- Отсекот за превенција при СВР – Охрид почна со реализација на едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец“.
Охрид, 4 октомври 2024 (МИА) – Отсекот за превенција при СВР – Охрид почна со реализација на едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец“.
Полициски службеници ја посетија детската градинка „Росица“ во Охрид и низ интерактивен пристап, пред 65 дечиња од предшколска возраст одржаа едукативни предавања со посебен акцент на областа безбедност во сообраќајот, а им поделија и соодветен едукативен материјал со низа практични совети од областа на сообраќајот.
Целта на оваа активност е запознавање на децата со улогата на полицаецот и запознавање со основните правила и прописи во сообраќајот. аб/дма/
фото:СВР Охрид