• петок, 05 декември 2025

Египетскиот претседател го нарекува договорот меѓу Израел и Хамас „триумф на волјата за мир над логиката на војната“

Египетскиот претседател го нарекува договорот меѓу Израел и Хамас „триумф на волјата за мир над логиката на војната“

Каиро, 9 октомври 2025 (МИА) - Светот беше сведок на историски момент што го отелотворува триумфот на волјата за мир над логиката на војната, изјави египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во објава на својот официјален профил на Фејсбук во врска со долгоочекуваниот договор меѓу Израел и радикалното палестинско движење Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и размена на израелски заложници и палестински затвореници.

„Во Шарм ел-Шеик, во земјата на мирот и лулката на дијалогот и зближувањето, беше постигнат договор за прекин на огнот и војната во Газа по две години страдање, во согласност со мировниот план презентиран од претседателот (САД) Доналд Трамп и поддржан од Египет, Катар и Соединетите Американски Држави“, се додава во соопштението.

Овој договор не само што ја врти страницата на војната, туку и ја отвора вратата на надежта за луѓето од регионот за иднина на правда и стабилност, изјави египетскиот шеф на државата. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан