• недела, 24 ноември 2024

ДУИ: Секојдневните скандали и тоталниот неуспех го зашеметија „Влен“

ДУИ: Секојдневните скандали и тоталниот неуспех го зашеметија „Влен“

Скопје, 27 август 2024 

Големите скандали во Влен, заедно со секојдневните понижувања од страна на поразените на претседателските и парламентарните избори, вклучително и неможноста да се заштити албанското национално знаме, ги тера вазалите да го изгубат разумот и ги поттикува да клеветат и измислуваат непријатели само за да се оправдаат од големиот срам.  


Омаловажени и игнорирани од ЗНАМ и ВМРО, без државното знаме во канцеларијата, без албанскиот јазик во институциите, без Албанците во балансер, со апсења на војниците на ОВК, ви остануваат само учества на свадби и детски клевети. 


Астрит Исени и сите други министри се неспособни да ги заштитат Албанците, јазикот, знамето, правичната застапеност, Охридскиот договор, но и децата Албанци од злоупотреби, затоа треба да си поднесат оставки. 


Ниту една работа не сте завршиле, ниту едно ветување не сте исполниле, вие сте најголемите губитници во историјата на нацијата. 


Целата албанска нација, навивачите, фудбалскиот клуб, медиумите ја знаат вистината, затоа сте патетични и неуки во обидите да го оправдате фијаското што го предизвикавте.

ДУИ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан