• среда, 11 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ДУИ: Истрагата е насочена еднострано против Албанците

ДУИ: Истрагата е насочена еднострано против Албанците

реакција

12 април 2025

Денес, албанскиот народ во земјава е под напад од институциите на сопствената држава коишто се целосно заробени од политичките и етноцентристички интереси на Власта.


За да се заштитат себе си и своите, Премиерот, Министерот за внатрешни работи и Јавниот обвинител еднострано ја насочија истрагата против Албанците кои на било каков начин и било кога биле дел од институциите на системот.


Јасно изјавуваме дека денес против Албанците е прогласена еднострана и неправедна агресија, без разлика дали станува збор за ДУИ, за албанските партии во Власта или за Албанците воопшто.


Ова не е правда, ова е одмазда за вклучувањето на Албанците во институционалните текови!


ДУИ ќе ги преземе сите потребни мерки за да се спречи продолжувањето на овој напад и да се обезбеди правда за албанскиот народ во земјава.

Демократска унија за интеграција 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото.МИА архива 

Остани поврзан