• петок, 05 декември 2025
МИА Најави - МКД

12 јуни 2025

Скопје - Седница на Собранието на Република Северна Македонија (11:00)

Скопје - Седница на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Собрание на РСМ, Сала 4/10:00)

Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Собрание на РСМ, Сала 6/10:30)

Скопје - Седница на Комисија за европски прашања. (Собрание на РСМ, Сала 4/14:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на Инфо денот посветен на можностите за поддршка на научно – истражувачката дејност во Македонија што го организираат Машинскиот факултет - Скопје  и Министерството за образование и наука. (Амфитеатар на Машински факултет - УКИМ/9:30, предвидена е изјава за медиуми)

Скопје - Прес-конференција по повод кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“ на која ќе се обрати директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. (Клуб на пратеници/11:00)

Скопје - Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ организира тркалезна маса „Една година подоцна: До каде е Собранието со борбата против корупцијата?“. (х. „Парк“/10:45-13.00, изјави за медиуми/10:45 до 11:00)

Скопје - Finance Think – Институт за економски истражувања и политики заедно со Младинскиот образовен форум, Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонското лекарско друштво организира прес-конференција за наодите од првата година од мониторингот на владините ветувања за периодот 2024–2028, преку платформата КОМПАС. (Граѓански ресурсен центар/12:00)

Охрид - Почнува Меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“ што ја организира АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија. (х. „Метропол“/10:00)

Скопје - Дебата и промоција на публикацијата „Ткаење солидарност – од раце до срце: осмислување на заедништвото преку женското кооперативно здружување“. (Кафе-книжарница „Буква“/12:00)

Скопје - Промоција на колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ – прва национална монографија посветена на поетиката и стилистиката во јужнословенските земји. (Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, голема сала/12:00)

Валандово - Отворање на изложбата „Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот“. (Дом на култура „25ти Мај"/13:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Три приказни“ во чест на Бернхард Холеман (1935–2020). (Изложбен салон на МАНУ/19:30)

Скопје - Седмо издание на изложбата „Фемина 8/7 - Истокот и Западот“, проект на ДЛУМ во соработка со кураторките Јана Манева-Чупоска и Ирена Паскали. (Кинотека/20:00)

Скопје - Почнува фестивалот „Млади за млади“. (Летна сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ/20:30)

Скопје -Танцов перформанс „Нестабилни другари / Unstable Comrades“ од српскиот кореограф Игор Коруга во рамки на Фестивалот за квир-феминистичка култура, уметност и теорија - Викенд на гордоста Скопје 2025. (МКЦ/20:30)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

Остани поврзан