• вторник, 14 мај 2024

Драмскиот театар доби специјална награда на фестивалот „Јоакимфест“ во Крагуевац

Драмскиот театар доби специјална награда на фестивалот „Јоакимфест“ во Крагуевац
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Драмскиот театар - Скопје е добитник на една од двете награди што ги доделува стручното жири на 17-то издание на Меѓународниот фестивал „Јоакимфест“, кој се одржува од 7 до 12 октомври во српскиот град Крагуевац. Како што информираат од Драмски театар, специјална награда на Градот Крагуевац е доделена на глумците на претставата во драматизација на Бранислава Илиќ, „Моето име е Горан Стефаноски“, во режија на Бранислав Миќуновиќ, во продукција на Драмскиот театар. Во образложението на наградата се посочува дека различни ликови од делата на Горан Стефановски во претставата се вклопени во хармонична целина на режисерскиот и драматуршкиот пристап кон делата на овој автор. ар/сп/

Остани поврзан