• сабота, 15 јуни 2024

ДПИ : Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња во Кавадарци се случил надвор од училиштето

ДПИ : Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња во Кавадарци се случил надвор од училиштето

Кавадарци, 17 октомври 2023 (МИА) - Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци се случил надвор од училиштето, велат од ДПИ за МИА. 

- Соред информациите кои ги добивме од надлежен просветен инспектор, настанот се случил надвор од училиштето, а на случајот работи Министерството за внатрешни работи по пријава на родителите, се вели во писмениот одговор од Државниот просветен инспекторат. 

МИА во петокот информираше дека шест малолетници од основно училиште се пријавени во кавадаречката полиција, злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Тогаш побаравме одговор за ова од  портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска. 

- Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, одговори тогаш Ѓаковска.

Таа рече дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Родител на едно од девојчињата, за  МИА рече дека деветтоодделенците правеле монтажи, главите од фотографии преземени од фејсбук на повеќе  девојчиња, помлади и постари од нив, ги монтирање со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни чатови. свд/дма/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан