• недела, 12 мај 2024

Донесена иницијатива Таравари да биде разрешен од претседател на Алијанса за Албанците (ДПЛ)

Донесена иницијатива Таравари да биде разрешен од претседател на Алијанса за Албанците (ДПЛ)

Скопје, 10 февруари 2024 (МИА) - Иницијатива за разрешување на Арбен Таравари од претседател на Алијанса за Албанците е донесена на денешното централно собрание на партијата, што се одржа во Скопје.

Ова на прес-конференција по завршување на состанокот го соопшти Зијадин Села, кој според статут е претседател на партиското собрание на АА.

-Го чекавме да дојде претседателот на партијата Таравари таму каде што припаѓа и каде што му е местото, а тоа е во ова централно собрание како највисок орган меѓу два конгреси. Тој не дојде. За жал, според ова, од страна на членови на централното претседателство, беше предложено дека е беспредметна точката од дневниот ред каде што претседателот треба да даде отчет за последните збиднувања во АА, по што таа беше тргната и беше ставена друга точка, односно иницијатива за разрешување на претседателот на партијата, според членот 48 од статутот на партијата, кажа Села.

Информира дека по таа точка од 108 присутни членови на централното собрание, 106 гласале „за“ иницијативата, еден бил против и еден воздржан.

-Како последица и резултат на оваа одлука, другата точка беше да се оди на Конгрес што ќе се одржи на 18 февруари и каде што ќе се одлучува за иницијативата што ја донесе централното собрание на АА за разрешување на претседателот на партијата Таравари, рече Села.

За тоа дали ќе коалицира или не со друга партија, Села кажа дека одлуката ќе се носи на собранието на партијата, но дека негов став е самостојно да одат на следните избори.

-Мојот став е дека Алијанса на Албанците треба сама да оди на избори, самостојна, бидејќи од минатото е предадена од сите политички партии каде господинот Таравари преку негово лично мислење сака да ја носи во коалиција АА, истакна Села

Прашан дали ќе биде кандидат за претседател, Села рече дека не размислувал и дека не размислува за таква опција.

Според него, државата е во политичка криза и дека претстојат уставни измени за отворање на патот на државава кон Европската Унија. Од тие причини, рече Села, ставот на партијата е после изборите прво да се случат уставните избори па потоа да се формира влада.

-Ова ќе биде став на Алијанса на Албанците и зацртан во програмата на партијата дека кој и да биде мандатар за формирање на нова влада, најпрво треба да се случат уставните измени па потоа да се формира влада, нагласи Села. бк/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан