• среда, 01 мај 2024

Доналд Трамп утре на средба со поранешниот јапонски премиер

Доналд Трамп утре на средба со поранешниот јапонски премиер

Вашингтон, 22 април 2024 (МИА) - Поранешниот јапонски премиер Таро Асо, кој е потпретседател на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП), утре ќе се сретне со кандидатот на Републиканската партија за претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, изјави висок претставник на кампањата на Трамп.

„Лидерите од целиот свет знаат дека само со претседателот Трамп можат да имаат побезбеден и помирен свет“, рече високиот советник на Трамп, Брајан Хјуз.

Меѓу оние кои ќе му се придружат на Асо на средбата со Трамп е и поранешниот преведувач на покојниот јапонски премиер Шинзо Абе, Сунао Такао. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан