• четврток, 19 декември 2024

Најмалку 21 лице почина од екстремни горештини во град во Мароко

Најмалку 21 лице почина од екстремни горештини во град во Мароко

Рабат, 25 јули 2024 (МИА) – Најмалку 21 лице почина поради високите температури во град во Мароко, соопштија денеска здравствените власти на северноафриканската земја.

Смртните случаи биле регистрирани вчера во градот Бени Мелал, на околу 300 километри јужно од главниот град Рабат, јави државната новинска агенција на кралството МАП, цитирајќи ги локалните здравствени власти.

Починатите биле претежно стари лица со хронични заболувања чии здравствени состојби биле влошени од екстремните температури, соопшти агенцијата.

Мароко оваа недела го зафати топлотен бран со температури до 48 степени Целзиусови во некои делови од земјата, соопштија метеоролозите. јт/

Фото: Пиксабеј илустрација

Остани поврзан