• недела, 21 јули 2024

Дом на култура Кавадарци со повик до уметници за учество на изложба по повод денот на жената

Дом на култура Кавадарци со повик до уметници за учество на изложба по повод денот на жената

Кавадарци, 21 февруари 2024 (МИА) - Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе" од Кавадарци, упати јавен повик до уметници, за учество на изложба по повод денот на жената, ,,8 Март".


- По повод Денот на жената, а во соработка со Друштво на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК), ќе реализираме ликовна изложба на дела од жени ликовни автори од цела држава, на слободна тема. Насловот на изложбата е ,, KOЖенско писмо“. Поканети за учество се сите жени ликовни автори, без разлика на академскиот статус, односно дали со ликовна уметност се занимаваат аматерски или професионално, појаснија од културниот дом. 


Оттаму нагласија дека преку различни проекти поддржуваат и промовираат различни видови на уметности, со цел задоволување на вкусовите на љубителите на секаков тип уметност. 


Изложбата ќе биде отворена во галеријата при Домот на културата во Кавадарци, во среда на шести март 2024 година. свд/


Фото : МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан