• сабота, 29 јуни 2024

Додик положи заклетва

Додик положи заклетва
Бања Лука, 15 ноември 2022 (МИА) - Новоизбраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик денеска положи заклетва во Народното собрание на Република Српска. Тој истакна дека е горд на победата и им се заблагодари на граѓаните за поддршката. Додик исто така наведе дека во наредниот период клучна политика ќе биде борбата за стабилност и мир Го користам овој ден да ги поканам сите да не прифатат како партнери за прашањата важни за РС, посочи Додик. Заклетва положија и потпретседателите на РС, Хрватот, Давор Прањиќ и Бошњакот, Ќамил Дураковиќ. Претходно, новоизбраната српска членка во Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, положи заклетва во Парламентот. Цвијановиќ утре ќе положи заклетва и во Претседателството на БиХ, каде избрани се и Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ. ми/

Остани поврзан