• сабота, 18 мај 2024

Доделување на државната награда „23 Октомври“

Доделување на државната награда „23 Октомври“

Скопје, 23 октомври 2023 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес.

За остварување во областа на науката и образованието, наградата ќе им биде врачена на тимот за трансплантација на црн дроб (проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска) и на универзитетски професор Африм Османи.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата ќе ја добијат визуелниот уметник, проф. м-р Роберт Јанкулоски и писателот Блаже Миневски. дма/мч/

Фото: МИА архива

Остани поврзан