• сабота, 27 јули 2024

Доделени награди од натпревар по изразно литературно читање во Делчево

Доделени награди од натпревар по изразно литературно читање во Делчево

Делчево, 7 декември 2023 (МИА) - Во Делчево беа доделени наградите од натпреварот по изразно литературно читање што за првпат го организираше библиотеката „Илинден“ - Делчево, во соработка со двете основни училишта во градот.

- Право на учество на натпреварот имаа учениците од осмо и деветто одделение. Селекцијата ја направија наставниците по македонски јазик од двете основни училишта во градот. Од ООУ „Ванчо Прке“ се натпреваруваа пет ученици, а од ООУ „Свети Климент Охридски“- четири ученици. Сите читаа прекрасен текст изваден од читанка издадена 1984 година, информираше директорката на Библиотеката Биљана Петровска.

Најдобрите на натпреварот биле избрани од комисија составена од наставници по македонски јазик и претставник на Библиотеката.

- Комисијата ја сочинуваа Билјана Стоиловска, наставник по македонски јазик, Валентина Даневска, библиотекар и наставник по македонски јазик и Биљана Петровска, директор на ЈЛБ „Илинден“. Третопласирана беше Ива Велкова, второто место ѝ припадна на Ања Даневска, додека првото место го освои Клаудија Иванова, информираа од Библиотеката.

Следниот натпревар што заедно со двете основни училишта во градот ќе го организира ЈЛБ  „Илинден“ по Нова година, ќе биде за најдобра рецитација. вс/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан