• недела, 19 мај 2024

Ди Марија се договори со Јувентус на едногодишен договор за шест милиони евра

Ди Марија се договори со Јувентус на едногодишен договор за шест милиони евра
Рим, 29 јуни 2022 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред Анхел Ди Марија е блиску до трансфер во Јувентус, објави на својата веб-страницата новинарот Џанлука Ди Марцио. Според него, 34-годишниот Аргентинец се договорил со клубот од Торино за едногодишен договор во висина од шест милиони евра по сезона плус бонуси. Забележано е дека Јувентус ќе го објави потписот со играчот од средниот ред следната недела. Ди Марија минатата сезона постигна пет гола и направи асистенции на 31 натпревар за ПСЖ во сите натпреварувања. зс/

Остани поврзан