• среда, 15 мај 2024

Директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски: Успешен е капиталниот проект Градски превоз во Штип

Директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски: Успешен е капиталниот проект Градски превоз во Штип

Штип, 16 октомври 2023 (МИА) - Штипјани преку брошури почнаа да се информираат за линиите, возниот ред и цените за користење на Градскиот автобуски превоз, кој функционира веќе месец и половина.

Директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски вели дека по повеќето консултации и корекциите, конечната верзија е веќе објавена и на веб страницата и на брошурата, во однос на спроведувањето на превозот и потребно е граѓаните соодветно да се информираат за истата.Стефановски за МИА вели дека се размислува и за воведување на некои новини, за што дополнително ќе информира. Забележува дека овој проект е капитален за општината, но е и успешна приказна.

-Во овој период ние не брзавме со промотивни материјали за да не создадеме дополнителна конфузија кај граѓаните. Сега кога имаме една финална состојба, започнуваме со делење на информативни брошури на коишто ги има сите најважни информации за граѓаните, како табелите со возните редови, мапите од активните линии и ценовникот на општинскиот линиски превоз, вели Стефановски.

Најкористена линија од страна на патниците е линијата која сообраќа од Трговскиот центар до населбата Баби и обратно. Но, какошто вели Стефановски, интерес има и од жителите од населбите Дузлак, Чардаклија и Три чешми.

За општинскиот линиски превоз граѓаните на Штип може да се информираат и на „фејсбук“-страницата на Јавното претпријатие „Стипион“, официјалната веб-страница jps.mk или преку информативните табли кои се поставени на секоја од автобуските постојки во Штип. Новина е што бесплатен превоз има секој петок за пензионерите од Штип  на сите линии. вдј/свс

Фото: МИА 

 

Остани поврзан