• петок, 17 мај 2024

Димовски: Машинскиот и извршен персонал во ЖРСМ Транспорт во бојкот со прекин на железничкиот сообраќајот

Димовски: Машинскиот и извршен персонал во ЖРСМ Транспорт во бојкот со прекин на железничкиот сообраќајот

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт попладне во 16 часот стапи во бојкот  со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот  месец, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот извршниот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие. 

Димовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и товарните возови, а првиот воз што нема да биде во сообраќај  е со број 631 на релација Скопје-Гевгелија што тргнува во 16.55. 

-Информирано е раководството кое ветува дека од понеделник ќе бидат пуштени средствата, но останува одлуката на машинскиот и извршниот персонал за бојкот, рече Димовски.лв/мд/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан