• сабота, 29 јуни 2024

Дибала: Среќен сум во Италија, овде сум 10 години, ме третираат како Италијанец

Дибала: Среќен сум во Италија, овде сум 10 години, ме третираат како Италијанец

Лондон, 2 јуни 2022 (МИА) – Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала ги сподели своите размислувања за неговата иднина. Напаѓачот на Јувентус летово ќе го напушти клубот како слободен играч.

- Се чувствувам многу удобно во Италија. Сè уште би сакал да запознам други лиги како Премиер лигата, но среќен сум во Италија. Тука сум 10 години, го знам турнирот и ме третираат како да сум Италијанец. Периодов фокусиран сум на репрезентацијата, морам со мирна глава да размислувам за мојата иднина. Сè уште ништо не сум одлучил, мојот агент размислува за тоа, а јас за репрезентацијата на Аргентина, изјави Дибала.

Аргентина вчеравечер ја совлада Италија со 3:0, Дибала беше стрелец на третиот гол.

Дибала во Јувентус дојде од Торино во 2015 и со „Старата дама“ освои пет шампионски трофеи во Серија А. зс/

Остани поврзан