• недела, 30 јуни 2024

Германија се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024

Германија се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024

Дортмунд, 29 јуни 2024 (МИА) - Германија стана втората селекција која се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024.

Домаќините ја победија Данска со 2:0 во осминафиналето меѓу двете селекции по прилично бурната ноќ во Дортмунд.

Таа беше таква, буквално и фигуративно.

Буквално, затоа што на средината на првото полувреме, големо невреме го преврте стадионот, поради што натпреварот беше прекинат близу 25 минути.

И фигуративно - затоа што натпреварот беше голем спектакл, со многу шанси пред двата гола, неверојатни одбрани, поништени голови и важни интервенции на ВАР.

Сепак, „панцирите“ успеаја да ја наметнат својата волја и постигнаа успех со головите на Каи Хаверц од пенал во 53. минута и Џамал ​​Мусиала во 68. минута.

Така Германија во четвртфиналето го чека победникот од двојката Шпанија-Грузија. дс

Фото: УЕФА ЕУРО 2024

Остани поврзан