• понеделник, 24 јуни 2024

ДЗР: Семејното насилство и патот до правдата во Република Северна Македонија - анализа

ДЗР: Семејното насилство и патот до правдата во Република Северна Македонија - анализа

5 март 2024

Почитувани,

Претставници од Државниот завод за ревизија учествуваа на кампот (Bootcamp) за родови податоци кој се одржа во Измир, Турција во организација на канцеларијата на UN Women во Република Северна Македонија.

Целта на кампот беше да се подигне свеста за користење на родовите податоци и да се постигне поголема родова еднаквост во насока на исполнување на Целите за одржлив развој.

 

Во текот на кампот, учесниците се фокусираа на анализа, толкување, визуелизација и комуникација на податоците, користејќи нови вештини и истражувајќи официјални податоци и отворени извори за развивање на решенија за родова еднаквост за прашања како што се ставање крај на семејното насилство, економско зајакнување на жените, како и значајното политичко учество на жените во процесите на одлучување.

 

Кампот не само што ги подобри вештините на учесниците во областа на родовите податоци, туку и отвори пат кон втората фаза на проектот преку која се разви партнерство со мрежата на ентузијасти за родови податоци кои успешно го завршија кампот.

 

За потребите на финалниот проект, вработените од ДЗР заедно со тимот направија анализа врз основа на официјални податоци од Министерството за внатрешни работи во врска со семејното насилство односно колку има пријави на семејно насилство, колкав број од жртвите се жени, колку од ваквите случаи завршуваат во судовите како и колку од нив завршуваат со казна затвор.

 

Анализираните податоци од истражувањето се прикажани во инфографикот во прилог на мејлот.

 

Овие податоци треба да служат како поттик за превенција и борба против семејното насилство и сериозни заложби за спречување на семејното насилство како преку превентивни мерки така и преку ефикасни судски разрешници.

Државен завод за ревизија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: ДЗР 

 

Остани поврзан