• четврток, 11 јули 2024

Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски по големото невреме се упати во тетовскиот регион за помош

Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски по големото невреме се упати во тетовскиот регион за помош

Скопје, 24 јуни 2024

​Да се држиме и да си помогнеме кога сме во неволја-упати порака Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, кој, откако заедно со екипите од општината ги санираа последиците од невремето во Кисела Вода, се упати кон тетовскиот регион. Информираше дека веднаш излегол во пресрет на барањата на градоначалниците на Јегуновце и на Тетово кои побарале помош и организирал машини за испумпување на водата. Остварил и телефонски разговори и со сите останати градоначалници во чии општини невремето направи огромни штети. Апелираше до сите свои колеги од локалната самоуправа да помогнат каде што има потреба, а самиот тој, најави дека ќе остане за да помогне додека е потребно.

-Откако ги саниравме последиците во Кисела Вода, се упатив кон тетовскиот регион. Моментално се наоѓам во општина Јегуновце, каде добив повик за помош од мојот колега Димитар дека има сериозни последици од големото невреме кое го зафати овој крај. Јегуновце и регионот се без струја, а градот ги уништи се сите посеви од жито и пченка.

Веднаш организирав машини за испумпување на водата и тргнав кон Јегуновце.

Се слушнав и со мојот колега Билал Касами од Тетово, каде и тој побара помош.

Како претседател на ЗЕЛС разговарав и со сите градоначалници каде има или имаше невреме.

Сега е најпотребно да си помогнеме едни на други!

Во моментов има потреба од пумпи бидејќи поплавени се многу подрумски простории, домови и народот е на улица.

Сликата овде е многу страшна. Вакво невреме не се памети досега.

Апелирам до сите градоначалници во Македонија да помогнат каде што има потреба.

Јас ќе останам да помогнам додека е потребно.

Не сте сами. Ќе го поминеме и ова заедно-изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

 

Општина Кисела Вода

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан