МИА НАЈАВИ - МКД
- 24 јуни 2024
24 јуни 2024
Скопје - Примопредавање на премиерската функција помеѓу досегашниот технички претседател на Владата, Талат Џафери и новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски. (Влада/10:00, фоторепортерите и снимателите ќе имаат можност за инсерти од платото на Владата, како и од средбата, за што, претставниците на медиумите потребно е да се пристигнати најдоцна до 09:00 часот во Медија центарот)
Штип - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен-темелник на нова спортска сала „Џексон" (12:30), ќе направи увид во градењето на новиот булевар „Илинденска“, а потоа заедно со министерот за здравство Арбен Тараври, ќе направи увид во состојбата на штипската болница по што ќе бидат дадени изјави за медиумите.
Скопје - Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи ќе ја прими функцијата од неговата претходничка. (Влада на РСМ/12:00)
Скопје - Владо Мисајловски ќе ја преземе функцијата министер за одбрана од досегашниот заменик министер за одбрана Тирон Јајага. (Министерството за одбрана/9:00, новинарските екипи да пристигнат најдоцна до 08:40)
Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе ја прими функцијата од неговиот претходник. (Mинистерство за здравство/10:30)
Скопје - Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 491 седница. (Судски совет/10:00)
Скопје - Прес - конференција на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по повод претстојниот 69-ти роденден на Општина Кисела Вода и почетокот на културното лето. (кафуле Минт/10:00)
Битола - Доделување на наградата за новинарство „Тоде Петровски” која традиционално ја доделува Битолски весник. (Офицерски дом во Битола/11:00)
Скопје - Изложба „Чемерски: Низ цртеж, отпосле" на реномираниот македонски уметник и академик Глигор Чемерски. (Галерија на Младинскиот културен центар/20:00)
Виена - Солистички концерт на македонската пијанистка Дуња Иванова во Виена.
____________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***