• сабота, 21 декември 2024

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да утврди двајца нови членови на ДИК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да утврди двајца нови членови на ДИК

Скопје, 20 октомври 2024 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на 11. седница треба да утврди листа на пријавени кандидати по Одлуката за огласување на избор на членови на Државната изборна комисија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 207/24). 

Собранието треба да избере двајца нови членови на Државната изборна комисија по одржувањето на парламентарните избори, промената на власта и усогласувањето што се направи согласно Изборниот законик. Нови членови на ДИК ќе бидат избрани на местото на Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ) а кој беше избран за заменик генерален секретар на Собранието и на местото на Радица Ристеска (СДСМ) која се пензионираше. 

Во рамки на усогласувањето Борис Кондарко (СДСМ) сега е новиот претседател на ДИК, а потпретседател е Абдуш Демири, кој е предлог на движењето Беса. Членови на ДИК се Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ), Дитмире Шеху (ДУИ) и Оливер Ристевски (СДСМ). 

Мандатот на Државната изборна комисија е четири години, и на овој состав му истекува на 12 јануари 2025 година. 

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска на уште една седница треба да утврдување Предлог- одлука за именување претседател и членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. ев/са/

ФОТО: МИА Архива 

 

 

Остани поврзан