• петок, 10 мај 2024

Де Брујне нов капитен на Белгија, Куртоа и Лукаку заменици

Де Брујне нов капитен на Белгија, Куртоа и Лукаку заменици

Брисел, 22 март 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујне стана нов капитен на белгиската репрезентација, објави Кралската белгиска фудбалска асоцијација на својата веб-страница.

 

Де Брујне го замени Еден Азар, кој се повлече од националниот тим по Светското првенство во 2022 година.

 

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, се именувани за заменик капитени на белгиската репрезентација.

 

Триесет и едногодишниот Де Брујне има 97 натпревари во националниот тим и постигнато 25 гола. Дебито на играчот од средниот ред се случи во 2010 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан