• петок, 25 октомври 2024

Десет медали за ДЛС „Свети Кирил и Методиј“-Битола од Министерството за култура на Индија

Десет медали за ДЛС „Свети Кирил и Методиј“-Битола од Министерството за култура на Индија

Битола, 25 октомври 2024 (МИА) - Министерството за култура на Индија во рамки на меѓународна изложба на уметност за деца, а на која учествуваше и Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, на младите битолчани им додели десет медали.

Престижниот културен настан посветен на детското сликарство беше организиран по повод 77 годишнината од независноста на Индија, а со учеството на нашите членови на тамошната изложба, продолжи континуитетот од 30 години претставување на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“-Битола во таа држава, истакна Славчо Неделковски, претставник на студиото.

-Оваа година од испратените 30 детски ликовни творби на слободна тема од исто толку членови на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола со високи награди се здобија 10 наши ученици. Со златен медал – прво место во својата возрасна категорија се здобија Леа Стерјев (16) и Андреј Миленковски (12). Со сребрени медали во својата возрасна категорија се здобија Aна Полизовска (15), Матеј Јаневски (11), Јана Талеска (10)  и Давид Атанасовски (8), а Бронзени медали се доделени за нашите ученици Миа Мицевска (14 ), Анастасија Димитријовска (13), Ана Марија Спировска (12) и Томислав Атанасовски (11). Овој огромен успех е потврда на нашата посветеност и мисијата на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола кон промоцијата на своите ликовни таленти како и нашиот град Битола и Македонија, посочи Неделковски и додаде дека со одлука на организаторот упатена е посебна покана за лично доделување Диплома за оддавање почест Елена Хаџи Антоновска, претседателка на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“-Битола да присуствува на отворањето на ликовната изложба во Њу Делхи, Индија.

Инаку, годинава по процесот на селекција со ликовни творби во Индија учествуваат школи од Унгарија, Бугарија, Словачка, Кина (Хонг Конг), Словенија, Литванија, Латвија, Северна Македонија, Романија, Србија и Полска, информираа од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“- Битола. мт/сст/

Фото: ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ - Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан