• четврток, 16 мај 2024

Денвер против Бостон во Абу Даби

Денвер против Бостон во Абу Даби

 

Њујорк, 6 март 2024 (МИА) – Актуелниот шампион Денвер ќе се сретне со Бостон во два претсезонски натпревари во Абу Даби оваа есен, соопшти денеска НБА лигата.

Двете екипи, предводени од Никола Јокиќ и Џејсон Тејтум, двата натпревари во Абу Даби ќе ги одиграат на 4 и на 6 октомври.

„Возбудени сме од можноста што ќе ја имаме во Абу Даби да ги однесеме двете најдобри НБА екипи, Денвер и Бостон“, изјави заменикот комесар на НБА лигата, Марк Тејтум.

Минатиот јуни, Денвер во финалето го совлада Мајами и ја освои својата прва НБА титула во 47-годишната клупска историја, додека Бостон загуби во претпоследната рунда од плејофот. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан