• сабота, 20 јули 2024

Дел од центарот на Скопје денеска без вода

Дел од центарот на Скопје денеска без вода

Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „11 Октомври“ бр. 8 денеска од 8:30 часот  без вода ќе останат жителите на дел од улиците „11 Октомври“ и „Македонија“ во центарот на Скопје.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.вј/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан