• недела, 22 декември 2024

Активни 12 пожари, четири ставени под контрола

Активни 12 пожари, четири ставени под контрола

Скопје, 20 јули 2024 (МИА) – Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, денеска, преку видео обраќање информираше за состојбата со пожарите до 15 часот ширум земјава.

На територијата на државава денеска, Ангелов соопшти дека имало активни 12 пожари, од кои четири се ставени под контрола, додека еден е целосно изгаснат. 

Денеска на територијата на државата имавме 12 пожари, од нив четири се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат. Изгаснат е пожарот кај село Бадилен, општина Ново Село на планината Огражден во близина на бугарската граница. 

– Пожар којшто повторно се разгорува е пожарот на планината Серта, во штипскиот дел на селото Драгоево, којшто сега се придвижи кон селото Пухче. На пожарот работат 30 припадници на Армијата, кои им помагаат на припадниците на Територијалната противпожарна единица од Штип. На планината Серта активен е уште еден пожар на штипскиот крај кон полигонот Пенуш, којшто се наоѓа во близина на Брегалница, каде што има силно чадење, зафатен е голем фронт. Гори пред сѐ трева и нискостеблесто растение и грмушки, нема високо квалитетна шума, информираше Ангелов.

Активен пожар има на територија на општина Градско кај селото Подлец, каде што во текот на денов делуваа два „ер трактори“ коишто сега продолжуваат повторно со дејство, но, како што рече Ангелов, постои можност истите да имаат одредени ограничувања од контролата на летање поради влошување на временските прилики во Скопје. 

Гори и на територијата на Македонски брод, кај селата Презница – Тажево. Пожарот се движи кон Јасен, соопштува Ангелов, и додава дека таму делувал романскиот „спартан“, а во моментов делува еден хрватски „канадер“, којшто, исто така, може да биде стопиран од контролата на летање поради влошување на временските услови во Скопје. Таму делуваат 30 припадници на Армијата. 

– Другиот пожар е на територија на општина Долнени, кај селото Небрегово, каде што гори пред сѐ трева и нискостеблесто растение. Таму дејствува локалната Територијална противпожарна единица на Македонски брод. На територијата на општина Чашка, кај селото Габровник - Мокрени, гори жбунесто растение, нискостеблесто растение, но и квалитетна мешана шума. Денеска таму делуваа еден полициски, еден армиски хелихоптер, а во овој момент дејствува еден голем полициски хеликоптер. Наредниот пожар е на теротиријата на општина Чашка, којшто исто така се движи кон селата Габровник - Мокрени, каде гори исто така нискостеблесто растение и мешана шума во селото Богомила, за порационално користење на леталата е наместен базенот каде хелокоптерите полнат вода за да можат да прават побрзи налети. Исто на територијата на општина Чашка имаме уште еден сериозен пожар на планината Голешница којшто се движи кон селата Горно и Долно Јаболчиште. Уште еден пожар на територијата на општина Чашка се движи од Пашин мост кон Чашка и може да претставува проблем. Во текот на денешниот ден ангажирани се 90 припадници на Армијата, 55 припадници на МВР како и 40 припадници на Дирекцијата за заштита и спасување. Покрај нив ангажирани се и воздухоплови, за жал словенечките хеликоптери се повлекоа и веќе не се овде, а утре ќе замине и српскиот хеликоптер. Овде ќе остане само еден црногорски хеликоптер, како и романскиот „спартан“, вели Ангелов во видео обраќањето.

УХМР најави дека можни се локални поројни дождови, денеска во текот на попладневните часови. 

Ангелов најави дека вечерва преку видео обраќање повторно ќе се јави со нови информации. ра/цр

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан