• сабота, 20 април 2024

Делови од Косела Вода и Гази Баба и две скопски села утре без струја

Делови од Косела Вода и Гази Баба и две скопски села утре без струја

Скопје, 20 март 2023 (МИА) – Дел од корисниците од улицата „Добромир Хрс“ во општина Кисела Вода утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Утре во периодот од 10:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од  улицата „Фуштанска“ од број 90 до број 98 во општина Гази Баба, а од 9:00 до 14:00 часот дел од корисниците во селата Мирковци  и Чучер.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан