• вторник, 16 јули 2024

Делови од дебарското село Долно Косоврасти утре пет часа без електрична енергија

Делови од дебарското село Долно Косоврасти утре пет часа без електрична енергија

Дебар, 15 јули 2024 (МИА) – Корисниците во делови на селото Долно Косоврасти, утре во периодот од 10  до 15 часот ќе бидат без напојување со електрична енергија, информираше Регионалниот Центар за управување со кризи-Дебар.

Додаваат дека прекинот во напојувањето со електрична енергија, според ЕВН, е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.

Во делови на истото село без електрична енергија во периодот од 10 до 16 часот беа на 10 овој месец. Истиот ден од 9:30 до 11:30 часот без струја беше и дел градот Дебар.

Поради истата причина без електрична енергија повеќе од пет часа на 4 овој месец беа потрошувачите на делови во градот Дебар, селата Селокуќи, Спас, Баниште и Крифци, како и граничниот премин „Блато“. вт/

Фото: МЗД Косоврасти ФБ

Остани поврзан