• сабота, 27 јули 2024

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари

Дебар, 27 ноември 2023 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против дебранец,  вработен во подружницата на „Македонски пошти“ во Центар  Жупа, поради неовластено присвојување на над три милиони денари.

- Кривична пријава е поднесена против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ - подружница во општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додава дека  со тоа Е.М. се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари. вт/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан