• среда, 12 јуни 2024

Дебарските пожарникари вчера со четири интервенции

Дебарските пожарникари вчера со четири интервенции

Дебар, 17 август 2023 (МИА) – Дебарските пожарникари вчера, посебно во доцните вечерни часови и во текот на ноќта, имале четири интервенции, три се пожари на поотворен простор и една техничка интервенција.

- Што се однесува до пожарите, еден е на депонија како и три на пожар на запалени стрништа. Еден од нив, кој беше и со опфатена поголема површина, во селото Долно Косоврасти пожарникарите го гаснеа во текот на ноќта. Првите сознанија се дека пожарите се предизвикани од невнимание, рече за МИА Џетан Мифтароски, командант на Територијалната противпожарна единица.

Преку објава на Фејсбук, месната заедница од село Долно Косоврасти искажува голема благодарност за брзата интервенција на пожарникарите, со што е спречено пламените јазици да зафатат поголема површина.

- Од почетокот на годинава до денес имаме 50 интервенции, што е најмала бројка во последните неколку години. За среќа до сега немаме пожари на отворен простор од пошироки размери, посочува Мифтароски.

Го повторува апелот до граѓаните на бидат внимателни кога се движат на отворен простор, да не палат огнови и да фрлаат догорчиња од цигари.

Дебарската територијална противпожарна единица освен на територијата на општина Дебар, интервенира и во општина Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. По потреба, од хуманитарен аспект во договор со локалната власт интервенира и во пограничните населени места во соседна Албанија. вт/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан