• сабота, 18 мај 2024

Дебарските комуналци максимално ангажирани во чистење на градот

Дебарските комуналци максимално ангажирани во чистење на градот

Дебар, 19 февруари 2023 (МИА) - Вработените во дебарското јавно комунално претпријатие „Стандард“ деновиве максимално се ангажирани во чистење на градот.

- Благодарение на добрите временски услови, по расчистувањето на дивите депонии, почнавме со подигање на заостанатиот отпад од улиците и тротоарите, а од синоќа почнавме со миење на улиците. Максимално сме ангажирани во реализација на активностите за миење на улиците за да градот биде што почист, изјави за МИА, Бурим Каба, директор на ЈКП „Стандард“.

Тој додава дека акцијата за чистење на улиците во општината ќе биде проширена и во руралните населени места.

-Тоа е наша пракса која ја применуваме неколку години по ред и ја продолжуваме. И во оваа прилика сакам да упатам апел до граѓаните отпад да фрлаат на определеното место за тоа. Имаме преубава природа и жално е што ја загадуваме, порачува Каба.

Според него веќе почнале да поставуваат контејнери за отпад по селските населби, откако деновиве за првпат добиле дозвола за управување со неопасен отпад (собирање и транспорт на неопасен отпад). Првите контејнери се веќе поставени во селото Џепиште. вт/дма/

 

Фото: МИА

Остани поврзан