• недела, 22 декември 2024

Две лица се повредени во експлозија на автомобил во Москва

Две лица се повредени во експлозија на автомобил во Москва

Москва, 24 јули 2024 (МИА) - Две лица се повредени по активирањето на експлозивна направа поставена во автомобил во северниот дел на Москва, јавија руските медиуми, повикувајќи се на изјава на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Ирина Волк.

Повредените со возило на Брза помош биле пренесени во медицинска установа.

Во тек е истрага и е поднесена кривична пријава. Московското обвинителство го контролира текот и резултатите од истрагата.

Според досегашните информации, до експлозијата дошло кога маж и жена влегле во паркираниот автомобил. Двајцата се повредени и хоспитализирани, а според првичните податоци на мажот му биле откорнати стопалата, а жената се здобила со рани од шрапнели. Покрај тоа, од експлозијата оштетени се и пет автомобили паркирани во близина. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан