• вторник, 14 мај 2024

Две згради се урнаа во центарот на францускиот град Лил, нема жртви (ДПЛ)

Две згради се урнаа во центарот на францускиот град Лил, нема жртви (ДПЛ)
Париз, 12 ноември 2022 (МИА) – Две соседни згради денеска околу 9 часот и 15 минути се урнаа во францускиот град Лил. Според локалните власти, во инцидентот нема жртви, јави дописникот на МИА од Париз. Зградите се наоѓаат на централна шопинг улица. Жителите биле евакуирани во текот на ноќта како мерка на претпазливост откако еден од жителите пријавил сомнителни пукнатини. „Еден млад човек се вратил дома во 3 часот по полноќ и констатирал дека ѕидот на зградата е искривен. Тој ја предупредил општинската полиција и пожарникарите, кои решиле да ја евакуираат зградата, сметајќи дека постои реален ризик“, изјави градоначалничката  Мартин Обри. Таа додаде дека се евакуирани и околните згради. Според пожарникарите, едно лице се води за исчезнато. Една од урнатите згради била на три ката и во фаза на реновирање. Кога се урнала, ја повлекла и соседната зграда. Инцидентот се случил пред дуќаните на шопинг улицата да почнат со работа. Екипи за истражување се на местото на настанот, а областа е затворена. тг/паг/

Остани поврзан