• сабота, 27 април 2024

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Штип, 20 април 2024 (МИА) - Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила. вдј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан